{mosimage} ИТ евро-комесарката Вивиен Рединг најави нови закони за заштита на приватноста на корисниците, закони кои пред се ќе го разгледаат проблемот со друштвените мрежи и скенерите за тела. Евро-комесарката одбележувајќи го „Денот за заштита на податоците“ (28 јануари) рече дека „не може да очекуваме граѓаните да и веруваат на Европа ако не сме сериозни во бранење на нивното право за приватност.“
Ова е интересна изјава земајќи во предвид дека пред две недели Марк Зукенберг, основачот на Facebook, рече дека јавното станува норма, дека доколку Facebook стартуваше денес сега ќе беше јавна мрежа.
За Европската Комисија потребно е да се воведат нови правила што ќе овозможат поголема заштита на личните податоци, почнувајќи со реформи на европската Директива за заштита на податоци од 1995 година.
Во својот говор г-ѓа. Рединг вели дека друштвените мрежи се први на кои треба да се работи.
„Facebook, MySpace или Twitter се многу популарни, посебно меѓу младите. Меѓутоа децата не се секогаш во можност да го оценат ризикот на откривање на лични податоци. Ова ме води да се согласам со клучните провајдери на друштвените мрежи на принципите за „Побезбедни друштвени мрежи за ЕУ“. Провајдерите се согласија да го направат сите профили на помладите од 18години да бидат комплетно приватно по default“.
Понатаму во својот говор евро-комесарката рече дека принципите за приватност мора да се разгледаат и за RFID чиповите и за таргетираните реклами кои „мора да бидат претходно одобрени од корисникот за да може да ги користат нивните податоци.“
Како решение таа предлага развој на нови технологии кои ќе овозможат „приватност по зададено (default)“ со можност исите информации да бидат јавни. Исто така основните принципи за приватност мора да бидат во функција во сите области на ЕУ, вклучувајќи ја полицијата и правото.






