0 коментари 2 мин. читање 29 јануари, 2010

ИТ.мк: 89 медиуми на структурален пребарувач

{mosimage}Македонските интернет корисници ќе добијат нов структурален пребарувач кој би требало да им даде овозможи подетално пребарување низ архивите на 89 медиуми и институции. Пребарувачот е без име моментално и не е онлајн, но бета, тест верзијата од пребарувачот e најавена во понеделник.



Вака Јаневски Борисав, креаторот на пребарувачот, го објаснува својот проект за кој вели дека има околу 2 милиони информации соберени од 2001 година.

„Интернет пребарувачот ги поседува следните структури за пребарување: според датум, според име и презиме, според субјект, според објект, според производ, според услуга, според локација, според тема, според настан, според медиум и според изворот на информацијата (новинар и медиум, новинска агенција или веб администратор).

За разлика од глобалните интернет пребарувачи, овој локален интернет пребарувач на корисникот му го претставува и му го сервира само бараниот таг без притоа да создава конфузија во понудените записи во однос на бараниот таг.“

Подолу е видео од преставувањето на структуралниот пребарувач. На настанот беше и Игор Трајковски од Time.mk (ex-Google), па преставувањето доби одлична дискусија за како се структурира пребарувањето, како се оделува информацијата и датумот од целиот сајт и како се сето тоа индексира.

Презентација на структурален пребарувач from IT.com.mk Portal on Vimeo.



Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top