{mosimage}Подолу ќе најдете 3 сајта преку кои можете да ‘стримувате’ во живо од мобилен телефон. Се што ви е потребно се новите 3G мобилни телефони, кои пристигнаа и во Македонија (Blackberry Storm и iPhone, како и Nokia) и одредени апликации или регистрација, зависи од сервисот.
USTREAM.tv/mobile
USTREAM.tv e доста познат сервис кој се повеќе и повеќе се користи за видео пренос во живо на интернет. На сајтот може да гледате од конференции во живо, до емисии од телевизор. Се што е потребно за видео пренос е отворање сопствен канал на Ustream или пак преку вашиот сајт. Што се однесува до видео пренос во живо од мобилен потребно е да симнете апликација за вашиот телефон и да си отворите свој канал.
{mosimage}
QIK.com
Листата на мобилни кои се подржани од Qik.com можете да ја најдете тука. За видео пренос во живо со Qik ви е потребно да се регистрирате и да симнете соодветен софтвер за вашиот мобилен. При преносот во живо, вашето видео ќе биде снимено така да можете да си направите свој канал со сите ваши снимки, кој може да го направите да биде јавен или приватен, на кои вашите пријатели или некоја рандом личност ќе може да остави коментар. Qik исто може да се имплементира на Twitter.
{mosimage}
Flixwagon.com
Flixwagon e ист сервис како QIK.com, само што има кул опција ‘Guided Tour‘. Доколку концептот за видео стрим во живо преку мобилен ви е малку нејасен (Qik не се труди да го објасни), турата на Flixwagon преку слики ќе ви објасни како тоа функционира.
{mosimage}






