Нов тренд: читање вести на мобилен

во Веб

{mosimage}Истражувачката компанија comScore објави извештај во кој се вели дека бројот на луѓе кои ги користат своите мобилни уреди за пристап на интернет сајтови кои објавуваат содржини поврзани со дневни вести и информации, од јануари 2008 година до истиот месец оваа година се зголемил двојно. Повеќе од 63.2 милиони луѓе ги користат своите мобилни телефони за да пристапат до сајтови кои нудат вести и дневни информации, додека 35% од нив, односно 22.4 милиони пристапуваат до нив дневно.

"За време на минатата година, забележавме дека користењето на мобилен интернет прерасна од случајна и привремена активност на активност која се извршува на дневна база." – изјави Марк Донован, потпретседателот на comScore кој ги следи мобилните трендови. "Овие бројки укажуваат на растечката важност на мобилниот медиум и на тоа како потрошувачите се повеќе стануваат зависни од нивните уреди за да пристапат до последните вести и навремени информации."

{mosimage}

Во извештајот исто така се истакнува дека користењето на друштвените мрежи и блогирањето се едни од најпопуларните дневни активности при користење на мобилниот веб, како и дека токму овие активности забрзано растат секој ден.

Уште еден интересен тренд кој е забележан е дека благодарение на мобилните софтверски апликации, пристапот до информативни сајтови е значајно зголемен. Според comScore, едни од најпопуларните апликации кои се инсталираат на мобилните телефони се мапите, односно апликации како Google Maps и слични GPS софтверски пакети.

Најактивните групи на луѓе кои го следат трендот на користење на мобилен интернет, се припадниците на машкиот пол помеѓу 18-34 години и припадничките на женскиот пол помеѓу 18-24 години.

Овие резултати и трендови на пораст во користењето на мобилен интернет воопшто не се зачудувачки доколку се земе во предвид зголемената достапност на телефони со мобилен интернет и можност за приклучување на безжични мрежи, намалувањето на тарифите за пристап на интернет од страна на провајдерите како и опсесијата кај корисниците да се биде во тек со последните активности на друштвените мрежи или пак да се објавуваат микро-постови…

P.S. IT.com.mk пред скоро два месеци овозможи мобилна верзија на порталот која автоматски се активира кога ќе пристапите на сајтот преку мобилен телефон. Мобилната верзија е достапна на http://m.it.com.mk



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments