0 коментари 1 мин. читање 7 февруари, 2011

Qwiki, визуелна енциклопедија

Qwiki е во алфа, почетна верзија. Стартуваше на 24 јануари 2011-та и веќе се истакнува потенцијалот на интерактивната визуелна енциклопедија, која од почеток има околу 3 милиони референци.

Откако ќе пребарате, Qwiki ќе ви раскаже се за темата која сте ја пребарале, притоа покажувајќи ви клучни слики, мапи, видеа, анимации… Гласот е пријатен за слушање, а и сликите на секоја тема се навистина релевантни и интересни.

Од тимот, на нивната страница велат дека Qwiki е како апликациите од научно-фантастичните филмови каде од луѓето биле собирани податоци и потоа презентирани на интерактивен начин. Постојано повикуваат на нови ентузијасти кои би работеле заедно со нив, а нудат супер услови за работа. Тие велат дека Qwiki ја претвора информацијата во искуство, а ние се сложуваме. Qwiki е иднината на енциклопедиите.

Слушнете и сами:

Oва е презентацијата на Qwiki:

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top