Наместо безбедносните компаниии и институции да се грижат за неверојатната битка за интернет безбедност на која се трошат милијарда долари и „која и на Стивен Хокинг би му било тешко да ја разбере“, можеби е попаметно да се разговара со хакерите и да се дознае „кои се луѓето што го пишуваат злонамерниот код?“, вели новинарот Миша Глени, кој го истражува светскиот организиран криминал.
Во неговиот TED говор, г. Глени вели дека мора да ги разбереме хакерите и сајбер криминалците преку „старомодниот“ човечки контакт. Според неговото истражување, во светот постои само една единица на Обединетите нации, сместена во Торино, која прави профили на хакерите со цел да ги разбере и да ја сфати нивната мотивација.
Од шестте хакери кои тој ги претстави во својот говор, талентирани хакери кои се вклучени во сајбер криминал и кои се сега во затвор заради тоа, скоро сите биле опкружени со криминал од млади години, некои биле во такви опкружувања уште од 9 години. Талентирани, и млади, лесно било хакерите да се заведат и да бидат вклучени во мрачни black-hat активности, наместо нивниот талент да се посвети на нешто корисно.
Интересно, г. Глени вели дека повеќето хакери не покажале посебни социјални и општествени вештини во реалниот свет, наспроти неверојатниот талент да импресионираат во виртуелниот.








Интересно е колку врева се дига околу група која всушност не постои.
http://www.youtube.com/watch?v=IKFepvcUgNc
Pfff, vekje se vraboteni… vo antivirusnite kompanii, kade i go pishuvaat toj zlonameren kod ;)