1 коментар 2 мин. читање 14 септември, 2011

Пребарувајте авионски летови со Google Flights

Google во мај се збогати со можност за пребарување на авионски летови, сè што треба да  направите е да го напишете местото од каде тргнувате и вашата дестинација, и Google ќе ви прикаже распоред на авионски летови.

Сега Google, во обид да ги подобри услугите за пребарување летови, го стартува Google Flights пребарувањето која ќе им овозможи на корисниците да пребаруваат летови по дестинација, цена, авионска компанија и време на летање, како и да споредуваат цени. За жал, новиот производ на Google моментално е достапен само за авионските летови во САД, меѓутоа најверојатно за брзо време Google Flights ќе го покрива целиот свет.

Предноста на Google Flights од другите онлајн сервиси за пребарување на авионски летови е тоа што, благодарение на технологијата на Google, филтрирањето на резултатите од пребарувањето е далеку побрзо и пофлексибилно. Google Flights, благодарение на опцијата календар, нуди и опција да се проверува кои датуми се најефтини за летање, како и опција да се споредуваат повеќе датуми истовремено. Доколку не сте сигурни каде сакате да патувате, пишете го вашето место на тргнување, и Google мапата ќе ви овозможи да ги разгледувате цените на авионските карти за потенцијалните дестинации. Под секој резултат имате можност веднаш да го резервирате вашиот лет.

Google на почетокот од оваа година ја купи ΙΤΑ Software, компанија за организирање на податоци за авионски летови, и Google Flights е резултат на оваа зделка. Благодарение на експертизата на ITA Software и технологијата на Google, Google Flights драстично ќе го олесни пребарувањето на авионски летови.

Напишано од

Мартин Јовчески

Мартин Јочвески е дипломиран филолог, основач на музичкиот веб сајт, Bass Infusion, како и радио водител на Канал 103 и Студент ФМ. Покрај љубовта кон музиката, Мартин има огромен интерес за најновите остварувања во информатичката технологија и мобилната телефонија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
nnovica
14 years ago

Или кажете те му на гугл и каде летате. Само уште пар информации му требаат и така и вака. :-)

Мени
Заедница
Изглед
To top