Android ќе работи на Intel процесори

во Мобилни, Хардвер

Intel на нивната конференција IDF (Intel Developer Forum) најави дека во првата половина од 2012 година процесорите на Intel, кои се користат на поголемиот дел од персоналните компјутери и лаптопите, сега ќе бидат достапни и за Аndroid паметните телефони и таблет компјутери.

Според овој договор, Google и Intel ќе соработуваат за да ги оптимизираат идните верзии на Android за да можат да работат со Atom процесорите на Intel. Во извештајот не стои дека Google и Intel ќе работат заедно на посебен паметен телефон или таблет компјутер, но Google на ја исклучува и таа можност.

Со ова Intel ќе се обидува да земе дел од профитот на брзорастечкиот пазар на паметни телефони и таблет компјутери. Иако Intel држи скоро 80 отсто од глобалниот PC пазар, сепак кај мобилните уреди доминираат процесорите базирани на архитектурата на ARM. Сите поголеми произведители на паметни телефони како што се Apple, Nokia и Samsung произведуваат процесори базирани на архитектурата на ARM. Предност на Intel може да биде што сега се во партнерство со Google кој зграпчува се поголем дел од пазарот на паметни телефони.  Android сега држи 40 отсто од глобалниот пазар.

Соработката на двата гиганти, Google и Intel, не мора да значи сигурен успех, бидејќи два пати претходно оваа соработка не беше најсјајна, посебно за Google. Google TV и Chromebook се два производи создадени во соработка со Intel, но и двата производи сè уште не се покажуваат како успешни.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments