Спонзориран текст

Миле Грујовски – Несебичното помагање е една од основните вредности во ⋮IWConnect

Спонзорирано од :IWConnect

во ИТ Кариера, ИТ.МК, Спонзорирани

⋮IWConnect е најголемата македонска ИТ компанија со домашен капитал со канцеларии во: Македонија, Србија, Холандија и САД. Компанијата постои скоро 18 години. Во разговорот споделен од страна на ⋮IWConnect со Миле Грујовски кој ја води канцеларијата на ⋮IWConnect во Скопје, тој споделува детали за неговата работа, следните планови и за помагањето како една од основните вредности во ⋮IWConnect.

Која е твојата улога во ⋮IWConnect?

Дел сум од оваа успешна компанија веќе 2 години и ја водам канцеларијата во Скопје. Како одговорно лице на канцеларијата мојата улога вклучува повеќе задачи и одговорности. Ги управувам и контролирам деловните процеси поврзани со канцеларијата во Скопје во насока на исполнување на нашите стратешки цели, визија и мисија. Исто така сум активно вклучен во тимовите за дизајнирање и имплементирање на решенија како софтверски архитект. Работам со повеќе разнородни тимови и со глобални кленти од различни индустрии.

Веќе две години компанијата е присутна на ИТ пазарот во Скопје, како се развиваше канцеларијата во овој период? Со кои технологии работи?  

Точно, оваа година го прославуваме вториот роденден на ⋮IWConnect во Скопје. За нас беше динамично и овие две години некако брзо ни поминаа. Започнавме со работа во исклучително ризичен период, во време на пандемија, кога инвеститорите беа внимателни со своите инвестиции скоро во сите индустрии. Како што знаете границите се затвораа, а патувањата беа сведени на минимум. За наша среќа и во ваков период имавме голем раст на тимови и на клиенти. Моментално имаме околу 30 вработени во Скопје и преку 200 вработени во земјава. 

Во насока на помагање и поддршка вложуваме многу. Имаме директна соработка со нашите технички факултети (ФИНКИ, ФЕИТ, ФИКТ) со кои заедно организираме практикантски активности за студентите од трета и четврта година. Дел од овие активности се и менторските програми на кои студентите учествуваат во решавање на реални проблеми од индустријата. Неколку пати во текот на академската година учествуваме со специјализирани предавања од наши експерти за кои има доста интерес од студентите. 

Во поглед на технологии работиме со многу различни технологии. Некои технологии се зрели но има и такви што се непознати и во зачеток. Интерно имаме 12 пракси со специјалности во различни развојни, интеграциски и бизнис системи. Од развојните технологии ќе напоменам неколку: .NET, Java, PHP, Python, Flutter. Нашите cloud решенија се имплементирани на AWS и Microsoft Azure. Од интеграциските платформи ќе ги издвојам Mulesoft и SnapLogic со кои имаме директно партнерство. Решенијата што ги имплементираме се комбинација од внимателно избрани технологии и системи кои на најдобар начин го решаваат проблемот.

Една од основните вредности на компанијата е несебичното помагање. Но колку вработените ја живеат оваа вредност секојдневно?

Помагањето како вредност започнува и е целосно поддржано од вработените. Неколку пати во текот на годината организираме донации. Собраните средства од вработените компанијата ги удвојува и ги донира најчесто на некоја организација. Оваа година успеавме да собереме средства и да донираме Nanox филтри за прозорци за една детска градинка кои ќе им овозможат на тие деца во текот на зимскиот период да дишат почист воздух. Дониравме преку 50 комплет училишни прибори и ранци за деца и обезбедивме новогодишни пакети за социјално загрозени семејства. Заедно со иницијативата “Ретвитни оброк” се вклучивме во поддршка на најранливите категории и обезбедивме оброци за празникот Велигден. Во оваа насока поддржуваме и професионални спортски клубови. Оваа вредност ние се обидуваме да ја пресликаме и кон нашите клиенти и деловни партнери. 

Неодамна дониравте Nanox филтри за прозорци во градинката Росица во Скопје. Колку мислите дека ќе го променат квалитетот на воздухот и ќе допринесат за намалување на аеро-загадувањето?

Аеро-загадувањето е проблем што сите не засега а посебно децата во предучилишна возраст. Ние сакавме да помогнеме токму на оваа категорија. Филтрите што се вградени не само што прават прочистување на воздухот туку овозможуваат и природно проветрување на просториите. Оваа технологија овозможува едно ново ниво на заштита. Експертите од оваа област нѐ советуваа дека Nanox филтерот практично го трансформира обичниот прозорец во прочистувач на воздухот, кој задржува неверојатен процент на несакани честички надвор од просторијата, а истовремено ги пропушта кислородните атоми кои се доволни мали. Ова решение сигурно ќе помогне во подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во градинката. 

Празниците се секогаш одлично време за помагање. Дали годинава ќе израдувате некое семејство? 

Поголем дел од колегите оваа година се одлучија да ги донираат средствата што беа предвидени за прослава и за поклони. Во тек се подготовки за донации на социјално загрозени семејства во три градови: Битола, Прилеп и во Скопје. Заедно со иницијативата Ways2help и организацијата Љубезност донациите ќе пристигнат онаму каде што се најпотребни. Драго ни е што барем малку ќе им помогнеме на пет семејства во градовите каде имаме канцеларии со тоа што ќе набавиме опрема и бела техника, која ќе им го олесни секојдневието. За нас ќе значи многу ако оваа помош донесе малку радост во семејствата. 

За крај, кои се идните планови на ⋮IWConnect во Скопје, а и генерално? 

Ќе продолжиме со усвојување на новите технологии што се зацртани во технолошката стратегија со конкретна примена на прототип решенијата. Колегите во канцеларијата во Србија работат на проширување на нашите капацитети во тој регион. На почетокот на следната година колегите од Битола ќе се вселат во нови модерни канцеларии. Канцеларијата во Амстердам веќе се проширува, а исто така очекуваме понатамошно проширување на американскиот пазар. 

Следната година во Скопје ќе ја започнеме со нови колеги и нови канцеларии. Веќе се одобрени проектните планови со тековните клиенти за цела година. Дел од инвестициите и прототип решенијата на кои што работевме оваа година ќе бидат употребени кај наши клиенти. Секако, соработката со техничките факултети и студентски организации ќе продолжи и следната година и ќе биде продлабочена. Ќе продолжиме да инвестираме во нови технологии, во знаење и ќе ги прошируваме нашите капацитети. За крај, очекувано е трендот на пораст да продолжи, како со проширување на нашата клиентска база, така и со раст на експертските тимови. 

Напомена:

Ова е комерцијален ПР текст закупен од страна на :IWConnect. IT.mk не сноси никаква одговорност за текстот и неговата содржина. Доколку сте заинтересирани да објавите промотивен текст, испратете го на [email protected]