Извлечете ги фотографиите од сајтовите со Image Extractor

во Веб

Секојпат кога ќе наидете на некој веб сајт со фотографии кои вам ви се корисни, имате неколку начини на кои би можеле да ги преземете. Но, доколку стандарните начини на преземање не функционираат или се чинат како недоволно брзи, а со тоа, и неефикасни, би можеле да го решите проблемот со целосно бесплатна алатка која специјализира во преземање фотографии!

Image Extractor или Extract.pics e веб сајт кој има вдомено крајно едноставна и бесплатна алатка. Откако ќе најдете некој веб сајт со интересни фотографии, копирајте го линкот на вебсајтот и потоа посетете го Extract.pics. Тука, во големото поле, префрлете го линкот од сајтот и кликнете на копчето EXTRACT за да се препознаат, извлечат и анализираат сите слики.

Ситуацијата која ќе ве пречека изгледа навистина хаотично и, обично, сликите кои вие ги сакавте се скриени во смеса од еден куп други слики кои, претпоставуваме, не сте ги ни забележале дека се тука на прво место. Како и да е, имате опција да ги селектирате сите слики, во нашиот случај 28, и да ги преземете од еднаш (како zip датотека), или пак да започнете со ваша лична селекција и индивидуално преземање. За секоја од прикажаните слики имате опција да ја видите зголемена или да ја преземете со кликнување на соодветните копчиња кои се под самата слика.

Со кликнување на трите точки добивате дополнителни опции за копирање на url-то на сликата или, од некоја причина, имате опција и за затемнување на позадината.

Сите слики можете да ги подредувате според распоредот по кој се поставени на страната, големината на сликите, или нивната широчина, односно височина, а лесно можете и да пребарувате по име, големина или вид, што е корисно во случај да барате фотографија на сајт кој изобилува со еден куп фотографии.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments