0 коментари 1 мин. читање 13 април, 2016

Miitomo прави по 40.000 долари на ден, 80% од заработката доаѓа од iOS

Првата игра на Nintendo за Android и iOS, Miitomo покажува како влезот на јапонската компанија може да го загрози приматот кој го имаат Zynga, EA Games и другите издавачи, вели Surveymonkey. Иако не станува збор за класична видеоигра, туку повеќе наликува на експеримент, сепак Miitomo е хит, и е една од најпопуларните апликации за преземање, но и за користење.

Miitomo-Infographic-v2

Минатата недела играта има повеќе од 2,6 милиони преземања или во просек 370.000 дневно. Во просек играта секој од корисниците ја игра по 8 минути, а дневната заработка на Miitomo e 40.000 долари. Над 80 отсто од оваа заработка е од iOS, а само 20 отсто е од Android.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top