1 коментар 2 мин. читање 6 април, 2016

Miitomo го претрка Snapchat да биде најпопуларната iOS апликација

Snapchat повеќе не е најсимнувана апликација за iOS во САД, а најверојатно уште поголемо изненадување е апликацијата која ја замени – Miitomo од Nintendo. Интересно е што ова е првата игра за мобилни од Nintendo, која по 3 милиони преземања стана инстант успех. Иако не станува збор баш за класична видео игра, ова не ги спречи корисниците да си пронајдат кул примена за апликацијата. MiiTomo на корисниците им овозможува да креираат свој дигиталeн аватар, да го дизајнираат и да започнат со „играње“, кое наликува на поедноставна верзија на Sims.

По креирањето на карактерот започнува прилично здодевна игра во која апликацијата ги прашува корисниците прашања, чии одговори ги помни и потоа аватарот ги споделува овие информации со пријателите. Потоа како и на останатите социјални мрежи и апликации за текст пораки, корисниците можат да одговорат со емотикон, слики или текст пораки.

Се чини дека корисниците сепак си најдоа забава со апликaциjата која дозволува аватарите да се користат како стикери во фотографии. Љубителите на Nintendo најверојатно повеќе се надеваат дека наскоро ќе биде достапен Mario, но во недостиг на видеоигри барем можат да се позабавуваат со Miitomo. Апликацијата е достапна и на Android, но засега не е глобално достапна туку само на дел од пазарите.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top