0 коментари 2 мин. читање 13 април, 2016

Google сега предупредува ако сајтот сака да ви украде лични податоци

Google започна со забрана за пристап до дел од сајтовите кои имаат лажни содржини. Станува збор за сајтови кои имаат лажни download копчиња, преку кои се инсталира непожелен софтвер на компјутерот, или пак се дизајнирани да украдат лични податоци на корисникот.

Safe browsing на Google треба да ги заштити корисниците од вебсајтовите кои се копија на постоечките, а се креираат за прибирање на подaтoци на корисниците. Засега безбедното прелистување не е без проблеми, па дел од страните погрешно се препознаваат. „Нашата борба против непосакуваниот софтвер и социјален инженеринг само што започнува. Ќе продолжиме со надградбата за да им помогнеме на повеќе корисници да бидат безбедни онлајн“, вели Google.

Интересно, речиси истовремено со ова, Chrome, Safari и Firefox започнаа да го блокираат Kickass Torrents. TorrentFreak јави дека проблемот е надминат, но прелистувачите сè уште ги предупредуваат корисниците дека станува збор за опасен сајт.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top