Microsoft заработува пет пати повеќе од Android отколку од Windows Phone

Минатата година Microsoft го тужеше HTC за повреда на интелектуална сопственост. На крај HTC мораше да потпише спогодба во која стои дека за секој продаден Android телефон, HTC ќе мора да исплати 5 долари на Microsoft. HTC до сега има продадено триесет милиони телефони, што значи дека Microsoft од ова има искеширано сто педесет милиони долари без да мрдне со прст. Microsoft исто така тужби против други производители на Android, кои се во тек за разлика од HTC кој одбра да се спогоди.

Се проценува дека оперативниот систем Windows Phone 7 ќе биде продаден во два милиони примероци. Microsoft од овие продажби е предвидено да земе петнаесет долари од примерок, што значи дека заработката би била триесет милиони долари, што е пет пати помалку од заработката од Android телефоните.

Неодамна Microsoft ја најави новaта верзија на Windows Phone, Mango, која сигурно ќе помогне во зголемувањето на продажбата. Но, без разлика дали Mango ќе биде успешен проект или не, Microsoft пак ќе ја полни касата благодарејќи на успешноста на Android телефоните.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments