Microsoft си доби одговор

во Блог

Денеска извршниот директор на Yahoo! Џери Јанг и Рој Босток, председател на бордот на директори на компанијата, одговорија на писмото на Стив Балмер во кое повторно рекоа на Microsoft дека за да размислуваат за продажба на компанијата понудата мора да е поголема од сегашната. Во писмото во кое Јанг и Босток на извршниот директор на Microsoft му се обратија со "Стив" (сигурно со цел да ја прикажат својата лутина за добиеното писмо) беше исто така назначено дека Yahoo! продолжува да бара алтернативни решенија (просто кажано други компании заинтересирани да ги купат) за нивната иднина но понудата на Microsoft им останува како опција.

Во меѓувреме, првичната понуда на Microsoft која изнесуваше 44.6 милијарди US долари ($31 по акција) падна на 42 милијарди затоа што акциите на Microsoft достигнаа цена од 29.36 долари.  Акциите на Yahoo! пак, заклучно со денешните извештаи од берзата се намалија и сега изнесуваат 27.70 долари.

Реално после сите овие случувања, постои можност Microsoft да ја зголеми својата понуда доколку на 22 Април (како што е планирано) се објават извештаите за остварен профит на Yahoo! од првата четвртина во 2008 и се забележат позитивни резултати. Доколку нема ништо позитивно во нив, најверојатно Yahoo! ке си ги преиспитаат своите одлуки и со наведната глава ќе тркнат до Редмонд.

Во своето писмо Јанг и Босток исто така ги истакнаа новите подобрувања кои компанијата ги претставува на пазарот и кои се дел од нивната стратегија за зацврстување на позицијата на светскиот пазар. Официјалното писмо беше завршено со зборовите:

"ние нема да дозволиме ти или било кој друг да ја превземе компанијата за сума која не ја одсликува вистинската вредност."

Оваа реакција на Yahoo! само докажа дека играта на големите момци продолжува и понатаму и дека во блиска иднина се очекуваат многу непредвидени работи…

Интересен ми беше коментарот на уредникот на блогот TechCrunch, Мајкл Арингтон, кој сите овие случувања помеѓу Microsoft и Yahoo! ги опиша со следново видео.

За да не придавам преголемо значење на ситните и неважни детали и да не ве досадувам со истите, во иднина ќе ги објавувам само најважните случувања од случајот "Microhoo" избегнувајќи ги шпекулациите кои кружат на интернет.

П.С. Писмото во оргинал е достапно на следниов линк.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments