{mosimage}Европската Комисија, поточно телото на комисијата наречено Article 29 Working Party вчера објави мислење (препорака) од 29 страни во кое се тврди дека интернет пребарувачите немаат право да ги чуваат информациите за корисниците повеќе од 6 месеци бидејќи со таков начин на работа директно наштетуваат на корисничката приватност.
Тврдењето на ова тело на ЕК се базира на тоа дека со чување на информациите повеќе од 6 месеци, компаниите им дозволуваат на разни бизниси и владини агенции да ги искористуваат неправедно за свои цели.
Во извештајот исто така се сугерира користењето на личните информации на корисниците да биде исклучиво во оправдани случаи, после 6 месеци целосно да се избришат и уништат собраните информации за секој корисник, колачињата (cookies) кои ќе се корисат да бидат со ограничено време зависно од нивната цел, да се овозможи на корисниците да видат кои информации се собирани за нив и голем број на други правила со кои значајно ќе се зајакне приватноста на корисниците на интернет пребарувачите.
Доколку оваа препорака на Article 29 Working Party се усвои од страна на Европската Комисија, во директен конфликт со новите регулации на ЕУ ќе се најдат Google (кои ги чуваат информациите повеќе од 18 месеци), Yahoo! (13 месеци), Microsoft (18 месеци) и AOL (13 месеци), додека Ask мирно ќе ги игнорира овие нови правила затоа што информации за корисниците на нивните сервери се чуваат само неколку часа а потоа целосно се бришат.
Како оправдување зошто ги чуваат информациите толку долго, компаниите зад интернет пребарувачите изјавуваат дека со тоа се овозможува заштита на нивните сервиси, подобрување на резултатите, практикување на таргетиран маркетинг и помош при владини истраги за одредени криминални дејствија.
Од горе набројаните пет интернет пребарувачи, само Google се изјасни на ова тврдење при што ги одбрани своите сегашни практики.






