Microsoft се побуни против монополот на Google

Microsoft го обвинуваат Google за повеќе работи меѓу кои: неовозможувањето на конкурентните пребарувачи да ја го индексираат YouTube како што треба, оневозможувањето на Windows Phone пристап до YouTube лесно како што можат и Android и iOS уредите, планот ексклузивно да индексираат книги кои немаат авторски права, забранувањето на европските страници за вклучат друго пребарување ако веќе имаат Google, проблеми со AdWords полисите кога се работи за префрлување на друг конкурентен сервис итн.

Microsoft кои и самите во минатото биле на страната на која е сега Google, ја признаваат иронијата на нивната поплака, Microsoft беше казнет од ЕУ со 1.4 милијарди долари поради монопол и злоупотреба на лиценците на Windows пазарот, предупредувајќи дека токму поради тоа не ја земаат „здраво за готово“.

Не е сигурно колкаво влијание ќе има поплаката на Microsoft против Google во целата истрага, но сигурно нема да помине незабележана. Од Google велат дека „не се изненадени од тужбата на Microsoft, дека ќе ја продолжат дискусијата со Европската комисија и дека се спремни да му објаснат на било кој како се одвива бизнисот“.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments