0 коментари 1 мин. читање

Microsoft Research работи на паметен лифт кој ги предвидува движењата на луѓето

Вештачката интелигенција е најголемата инвестиција на Microsoft во лабораториите во кои се истражуваат нови технологии, вели директорот на Microsoft Research, Питер Ли, за Bloomberg. Г. Ли објасни дека имаат развиено паметен лифт кој може да предвиди на кој спрат одите, благодарение на напредна вештачка интелигенција. AI системот ги студира навиките на луѓето преку разни сензори вметнати во лифтот и проценува на кој спрат треба да се оди. Системот ги следи обврските кои луѓето ги извршуваат на работата, пример дека околу пладне одат на ручек, или при крај на денот си одат дома. Г. Ли вели дека системот нема можност да ги гледа лицата на луѓето, со цел да се зачува приватноста, туку ги следи само движењата низ канцелариите.

Сепак, за истражувачите не е целта да направат Ностродамус лифт, туку да откријат како може вештачката интелигенција да учи од луѓето и како таа технологија може да се примени за разни потреби. Според стражувачите, „во иднината, нема да ви треба оперативни системи, туку компјутери кои ќе работат за вас“.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top