0 коментари 2 мин. читање 21 јануари, 2014

Samsung Galaxy S5 ќе има 2K резолуција и 20 мегапиксели камера

Се очекува Samsung да го претстави новиот Galaxy S5 во април или март годинава, а според најавите хардеверот ќе биде навистина импресивен. Екранот на телефонот ќе биде 2К QHD и ќе биде првиот телефон со дисплеј со оваа резолуција. Покрај ова камерета ќе има резолуција од 20 мегапиксели и стабилизација при фотографирање слична на Lumia, а видеата ќе бидат со 4К квалитет, што е значителен напредок. Батеријата ќе биде 2900mAh, а не 4000mAh како што првично се шпекулираше, јавува Pocket Lint.

Се чини дека информациите кои велат дека Galaxy S5 ќе доаѓаа со сензорот за скенирање на ирисот се точни. Покрај овој сензор телефонот ќе дојде со повеќе вградени апликации и сензори за следење на виталните знаци и здравствената состојба.

Сепак се чини дека најголем новитет ќе биде промената на корисничкиот интерфејс, @evleaks сподели слика од изгледот на корисничкиот интерфејс. Наизглед иконите се големи и има доволно простор за лесно забележливи нотификации. Слично како Google Now, интерфејсот ќе се апдејтира во зависност од распоредот, распоред на летови, рута за возење и слично.

За повеќе податоци за Samsung Galaxy S5 ќе треба да почекаме до првата официјална изјава од Samsung, според очекувањата ова може да се случи уште следниот месец на Mobile World Congress кој традиционално се одржува бо Барцелона.

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
To top
{title}