Хрватскиот стартап Farmeron, познат како „Google analytics за фарми“, доби околу 1,4 милиони долари инвестиција од NextView Ventures од Бостон и SoftTechVC оd Сан Франциско за понатамошен развој, пишува Netokracija.
Farmeron е апликација за статистика и анализа на фарми, односно за менаџмент на стоката, како водење грижа за оброците на сите животни, и менаџмент на приходите од продукциските циклуси. Farmeron е креиран од Матија Копиќ кој дојде до идеја за ваков сервис откако виде дека неговиот татко и други фармери имаат проблеми со следење на кравите и млечните производи. Сега по две години од стартувањето Farmeron се користи од 450 фарми во 14 земји.
Стартапот воден од 8 млади луѓе го привлече вниманието на инвеститорите преку локални натпревари за стартапи, по што беше пренесен во САД преку познатиот инкубатор 500 Startups.
„Додека на прв поглед инвестирање во Farmeron изгледа како невобичаен потег за рани инвеститори како нас, земјодеството и храната остануваат едни од најважните глобални индустрии. Fаrmeron претставува уникатен можност за software-as-a-service (SaaS) решение базирано на облак за 164 милиони фарми ширум светот кои имаат интернет пристап и поголема побарувачката за земјоделството да биде поефикасно за се поголемата светска популација од 7 милијарди луѓе.“, вели инвеститорот Ли Ховер од NextView Ventures.
Следниот чекор на Farmeron е да го доразвијат сервисот, што значи вработување на повеќе луѓе, но и да формира тим кој ќе го продава сервисот во САД и Европа. Програмерскиот тим ќе остане во Осијек, Хрватска, додека продажниот тим ќе се сели во Силиконската долина.