Microhoo: Ништо работа…

во Блог

По скоро 3 месеци преговори, закани, ултиматуми, мал милион шпекулации за што навистина ќе се случи, обиди за вовлекување на Google во преговорите, експертски анализи за реалната вредност на компаниите и голем број на предвидувања… и по уште многу дешавки и случувања, приказната за Microhoo заврши со испраќање на официјално писмо од страна на Балмер до Џери Јанг во која беше објавено повлекувањето на понудата за купување на Yahoo!.

Единствениот проблем кој ги кочеше работите беше тоа што тие бараа цена од 37 US долари по акција (што значи дека Yahoo! беа спремни за продажба) додека Microsoft нудеше 31 долар и не сакаше да ја зголеми цената (иаку подоцна неофицијално ја зголемиле за уште 5 милијарди, значи околу 46 милијарди крајна цена).

Интересна{mosimage} завршница и по малку неочекувана бар од моја страна, морам да признам… По неодамнешното одобрување за зголемување на понудата и практично одврзување на рацете на Балмер од страна на одборот на Microsoft, мислев дека Стив Балмер ќе понуди значајно повисока цена и истата би била прифатена од Yahoo! по што ќе се завршеше целата авантура…

На линков ќе можете да го прочитате официјалното писмо испратено од извршниот директор на Microsoft до Yahoo!.
 
Особено интересна ми е изјавата на Балмер:
"Економијата на Yahoo! едноставно нема смисла за Microsoft."

Дополнително во писмото, Балмер го искритикува и потегот на Yahoo! да објавува Google AdSense реклами на својот пребарувач.

За оние кои мислат дека Yahoo! излезе како победник, грешат… како што напоменав на почеток, тие беа спремни за продажба бидејќи се во лоша состојба и мислеа дека Microsoft по секоја цена ќе ги купу, но на крај останаа без ништо. Нешто над 40 милијарди долари и понатаму остануваат на сметките на Microsoft, кои сега верувам дека ќе можат попаметно да ги искористат, а додека Microsoft си ги инвестира парите во својот понатамошен развој, интересно ќе биде со Yahoo! и што тие ќе направат за да ги наполнат својот полупразен буџет.

Партнерството со Google би бил многу лош потег затоа што ќе ги направи Google уште помоќни по што би се изгубила конкурентноста и иновативноста на пазарот.

Надополнување: И Yahoo! објави официјално соопштение во кое во кратки црти наведува дека "конечно Yahoo! се откачиле од Microsoft"… :-)

За оние кои сакаат да објаснат на некого што навистина се случи помеѓу Microsoft и Yahoo! во кратки црти, нека им го пуштат само овој клип кој веќе го објавив во еден друг пост:

{youtube}56ww–j17sE{/youtube}

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments