0 коментари 1 мин. читање

Мал прекин…

Во периодот од 3 Мај до некаде при крајот на оваа недела (неделата завршува на 18 Мај), IT.com.mk ќе има мал прекин во објавување на нови содржини. Ова се должи на внатрешна реорганизација и правење планови за понатамошната работа на порталот како и другите проекти кои треба да бидат објавени во блиска иднина.

Значи, за песимистите да објаснам поедноставно: да, дефинитивно планираме во иднина да продолжиме со работа. :-)

Се извинуваме за овој прекин но истиот е за доброто на сите. По завршувањето на оваа кратка пауза ќе продолжиме со полна пареа и објавување на многу поинтересни содржини.

Целата редакција на IT.com.mk го цени трпението на посетителите како и поддршката која ни ја овозможувате.

За крај сепак (да, повторно…) да напоменам дека сеуште сме во бета фаза и дека вистинското време за доставување на забелешки, сугестии и идеи за подобрување на порталот е баш сега и би ве охрабрил слободно да не "бомбардирате" со е-маилови, приватни пораки и сл.

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Мени
Заедница
Изглед
To top