Марио Павлески и Виктор Попов одат во Бразил на финалето на Game Jam+

во ИТ.МК

Македонската видеоигра Paint the Thing во март победи на полуфиналето на Game Jam+ во Европа, а сега е достапна и финалната верзија на играта со која ќе се престават во Рио де Жанеиро. Видеоиграта е изработена од тимот The Side составен од Марио Павлески и Виктор Попов, двајца средношколци од Охрид.

Марио и Виктор се најмлад тим кој се пласира на финалето. Се познаваат уште од основно училиште, а оттогаш и развиваат видеоигри. Самите научиле да креираат видеоигри од туторијали на интернет. Двајцата за две недели ќе отпатуваат на финалето и таму ќе ја претстават својата игра.

Иако се ученици во средно училиште Марио и Виктор веќе знаат дека и во иднина ќе развиваат видеоигри:

Размислувавме дали да се посветиме на развој на видеоигри и одлучивме дека сакаме тоа да е нашата иднина, мислиме дека возраста не е толку важна во оваа професија.

„Убаво е да се знае дека играта Paint the Thing покрај тоа што победи на европското полуфинале, по број на бодови беше помеѓу највисоко рангираните на светско ниво. Тимот The Side продолжи да ја развива играта и затоа можеме да се надеваме на успех и во финалето. На глобалното финале ќе се натпреваруваат 26 игри.“, вели Даниела Спасовска, дел од тимот на МАГДА кои го организираа настанот за Македонија.

Paint the Thing

Paint the Thing е „casual“ видеоигра за паметни телефони. Играчот треба да собира боја, да ги избегнува различните опасности и пречки и да ја избои сликата на екранот.

paint the thing

Играта може релативно брзо да се заврши еднаш, но потоа предизвикот е да се направи подобар резултат и да се подобри сопствениот рекорд. Играта е куса, но токму ова овозможува набрзина да преиграте неколку партии и да се заразите. Формите кои треба да се обојат се различни. Препреките се различни дел се подвижни, а дел се појавуваат и исчезнуваат. Во текот на играњето колку ни е подобар „скорот“ толку играта станува потешка. Paint the Thing е во продукција и Марио и Виктор и натаму развиваат, па секако можни се и промени.

Засега сè уште немаме  завршено сè што планираме за играта, на пример скинови, и други светови, и уште многу. Сепак играта е уште во продукција и сепак има време додека излезе официјално на плејстор.

Во иднина може да очекувате многу новости за Paint the Thing, но исто така и многу нови игри, некои слични на оваа игра, а некои и поамбициозни. Сè зависи од времето, но сигурни сме дека ќе продолжиме да правиме видеоигри.

Сите кои сакаат да ја видат играта можат да ја преземат Paint the Thing од itch.io, или да ја почекаат официјалната верзија на Google Play и AppStore.


Краток потсетник за Game Jam Plus

Game Jam+ e глобален хакатон на кој се креираат видеоигри. Организирањето на настанот започна од Бразил, а секоја година се додаваат нови држави во кои се одржува. Хакатонот се одржува шеста година по ред, а минатата есен за прв пат се организираше во Македонија. Локална поддршка беше „Македонската асоцијација за развивање игри – МАГДА“.

Основата на играта е креирана за неколку дена на GameJam+. Сепак настанот е значително поамбициозен и се одржува 7 месеци. Во втора фаза најдобрите игри влегуваат во процес на акцелерација. Тимовите работат со ментори и експерти со искуство во меѓународни компании. По завршување на оваа фаза најдобрите игри на секој континент одат на големото финале кое се одржува во Бразил.
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk