0 коментари 2 мин. читање 9 мај, 2014

Vurb е контекстуален пребарувач кој ќе ви покаже се за терминот кој го барате

Vurb е победник на годинешниот TechCrunch Disrupt, а во финалето се најдоа со 5 други финалисти Boomerang Commerce, ISI Technology, Mimi, Mink и SnowKit.

Vurb e контекстуален пребарувач кој истовремно прикажува збир на најразлични податоци за терминот кој го пребаруваат корисниците, засега пребарувачот започнува со пребарување на филмови, локации и медиуми. На пример доколу пребарувате филмови, Vurb ви презентира и релеванти податоци за филмот; линкoви до IMDB, Rotten Tomatoes и слични сајтови сор ецензии; кино сали во кој филмот е на репертоарот и други информации што ќе му дадат поширок контекст на филмот. Со клик на било која од овие содржини можете да видите повеќе податоци. Наскоро се очекува пребарувањето на личности, стартапи и слично.

Апликацијата е направена да биде пред се наменета за мобилни платформи што е во согласност со периодот и се поголемиот интерес за мобилен интернет. Еден од недостатоците кои им беа забелжани на креаторите на Vurb е дека стартапот ги собира содржините од останатите веб компании, собирајќи ги податоците и ги ре-презентира. Сепак планот на Vurb е сите пари кои ќе ги приберат од рекламите да ги поделат со креаторите и сопствениците на содржината која ја презентираат, јави TechCrunch.


Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top