1 коментар 1 мин. читање

Македонско-холандскиот стартап Game Oven претстави нова игра во соработка со Холандскиот национален балет

Game Oven, стартап од Утрехт основан од Бојан Ендровски и Адриан де Јог, ja додаде Bounden во своето портфолио на друштвени игри како Bam Fu и Fingle. Најновата игра на Game Oven, направена со помош на четири кореографи од Холандскиот национален балет, е всушност балет помеѓу дваjцa корисници кои мора да го следат екранот на телефонот за да изиграат убаво кореографиран танц, или пак да заглават во човечки јазол ако не се доволно агилни. Играчите се обидуваат да ги следат маркерите на екранот на iPhone кој го држат истовремено, и ако тоа се направи добро, ќе се добие убав танц кој може да се изигра на улица со странци, дома со пријатели или во бар со други парови.

Како и претходните игри на Game Oven, и Bounden е дизајнирана да биде друштвена апликација која не може да се игра од еден корисник, туку ја искористува технологијата на екраните кои поддржуваат повеќе допири. Целта на стартапот е да го истражи потенцијалот на овие друштвени игри кои можат да ја подобрат интеракцијата и интимноста помеѓу двајца корисници. Bounden ќе се појави за iOS и Android на лето 2014-та година.

[youtube]jHMOFePm-G4[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

1 постар WordPress коментар
Мени
Заедница
Изглед
To top