0 коментари 1 мин. читање

Facebook сега ќе ви прикажува видео реклами

Facebook најави дека ги тестира видео рекламите кои ќе се прикажуваат помеѓу останатите постови. Како што се очекуваше, видео рекламата ќе стартува автоматски додека се прелистува фидот за вести, но ќе стартува без звук се додека не кликнете на видеото. На мобилните верзии тие видеа ќе бидат претходно вчитани кога уредот ќе се приклучи на Wi-Fi, за да не се троши мобилната претплата.

За почеток ќе се тестира промоцонално видео на филмот Divergent кое ќе се прикажува како реклама на десктоп и мобилните верзии. Видео рекламите се разервирани за поголемите огласувачи кои ќе треба да платат помеѓу еден и два милиони долари за 15-секунди. Високата цена сега го диктира малиот интерес за закупувањето на видео рекламите, но Facebook се надева дека тие ќе бидат хит кај корисниците и кај огласувачите. Иако видео рекламите беа очекувани уште летово, сепак технички проблеми го натераа и основачот Марк Закерберг да се вклучи во нивно решавање. Тие стартуваат сега со цел да се искористи празничниот период до Нова година за рекламирење на продукти.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top