0 коментари 1 мин. читање

Македонските музичари наскоро би можеле да се најдат на iTunes и Spotify

Македонските музичари наскоро би можеле да се најдат на iTunes, Amаzon и Spotify, откри музичарот Бодан Арсовски кој за Зебра Online откри дека претставник на агрегатот на овие компании задолжен за овој регион, Kavazi Music, одржале средба со Македонската музичка индустрија (ММИ).

„Веќе не е важно дали си од Македонија… ова е тоа што го побарав ‘96 не успеавме кај нас да го решиме, но веќе е решено во Европа“, вели г. Арсовски, кој е директор на ММИ.

Што се однесува до авторските права кога е во прашање музиката се чини дека не сме во положба да ги диктираме условите кога се во прашање авторските права и нивната сопственост во дигиталната ера, туку најверојатно ќе мора да ги прифатиме условите и начинот на регулирање кои ги диктира европската легислатива.

„Со тоа што го даваме албумот бесплатно на Интернет биднуваме подостапни до оние можеби млади луѓе кои немаат шанса да го купат, кои подоцна можеби ќе имаат шанса да го купат“, вели Ивица Димитриевиќ од бендот СИЗ.

[youtube]O_APx7Qot7Y[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top