Електронската пошта која си ја разменуваа Сергеј Брин, Ерик Шмит и Директорот на националната агенција за безбедност (NSA), генералот Кит Александар, покажува дека Google имал прилично блиска соработка со агенцијата oбвинета за нелегална глобална шпионажа, објави Al Jazeera America. Имејл преписката помеѓу Google и NSA покажува декa директорите на Google и шефот на NSA се сретнале неколкупати, а една од пораките ја опишува средбата на аеродромот во Сан Хозе.
„Кога стигнавме до оваа точка во нашиот проект закажавме доверлива средба со шефовите на компаните да ги запознаеме со специфичните закани за кои веруваме дека можат да се ублажат, и да побараме од нив да одат напред. Учеството на Google во рафинирањето, инженерингот и распределбата на овие решенија ќе биде клучна“, вели еден од имејлите.
За воља на вистината пораките не покажуваат дека Google заедно со NSA ги собирал податоците на корисниците, туку само дека агенцијата и компанијата биле во почести контакти, што не значи ниту дека Google доброволно ги споделувал податоците споменати во Project PRISM. Google одговори на објавата на имејлите дека „Работиме напорно за да ги заштитиме нашите корисници од сајбер напади, и секогаш разговараме со експертите вклучувајќи ја и Владата на САД, за да останаме понапред во играта. Затоа Сергеј присуствуваше на овие конференции.“
Al Jazeera најавува очекува уште илјадници пораки да пристигнат, а се побарани под Законот за слободни информации.