Македонските компании се поврзани, но е-трговијата меѓу бизнисите останува очајна

во ИТ.МК

Новиот извештај на Државниот завод за статистика за користење на технологии за во деловните субјекти 2014 покрај вообичаените статистики покажува една добра и лоша вест. Добрата вест е што македонските компании се се поповрзани на Интернет. Дури 93 отсто од компаниите со над 10 вработени имаат пристап до широкопојасен интернет, а 59,3 отсто имаат пристап до мобилна интернет комуникација. Една третина од компаниите редовно користат друштвени медиуми како Facebook, LinkedIn, Twitter, Present.ly, YouTube, Flickr, Picassa или Wiki-алатки.

Лоша вест е повторно е-трговијата, која сè уште не е на потребното ниво, ако воопшто може да зборуваме за ниво. Во текот на 2013 само 9,7 отсто од деловните субјекти купувале или продавале роба преку комјутерски мрежи. Од сите компании со над десет вработени „само 6,4 отсто реализирале продажба, а веб купување извршиле 4,4 отсто од компаниите“.

Ако околу 10-те отсто ви изгледа лошо, тогаш престанете да читате. Од ланскиот извештај имаме пораст во е-трговијата од само 0,7 отсто. Во 2012-та година процентот на деловни субјекти со над 10 вработени кои имале е-трговија бил 8,9 отсто. И по три години на развојот на ИТ секторот во Македонија, е-трговијата кај компаниите се искачила за само 2 отсто!

Ако во ланскиот извештај се велеше дека 41 отсто од вработените добиле преносливи уреди за мобилна комуникација, оваа година таа бројка е порасната на 61 отсто. Но, само 10 отсто од вработените ги користеле овие уреди за работа. Сепак има напредок бидејќи лани само 5 отсто користеле преносни уреди.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments