Финскиот премиер ги обвини Apple за уништување на индустријата за хартија

во Мобилни, Свет

Apple е виновен за затворање на двете најголеми индустрии во Финска, обвини премиерот Александер Стаб во интервју за CNBC. „Можеби е парадокс, но може да кажеме дека iPhone ја уби Nokia, а iPad ја уби финската индустрија за хартија“, вели г. Стаб.

Nokia долго време беше препознатлив бренд од Финска и еден од лидерите кога се во прашање мобилните телефони. Компанијата во деведесеттите и почетокот на новиот милениум беше одговорна за продажба на најголем број мобилни телефони. Но, неколку години подоцна, додека Nokia се размислуваше кој оперативен систем да користи за своите паметни телефони, Apple и Android ја претркаа во продажабата. Сега Nokiaе дел од Microsoft кој се обидува со нејзина помош да го направи Windows Phone поконкурентен.

Индустријата за хартија е исто така погодена од пред се од таблет компјутерите и e-читачите кои се почесто се алтернатива на традиционалната хартија.

„Шумите се враќаат преку био енергиа и други работи. Нова Nokia се враќа преку Nokia Networks… Вообичаено ова се случува кога сте во тежок период и наеднаш имате куп иновации, а мислам дека во јавниот сектор сега главна задача ни е да креираме платформа за ова“, вели г. Стаб.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk