Македонските интернет корисници заостануваат зад европските во вештините и е-сервиси

во ИТ.МК

Во однос на вкупната популација, само 40 од 100 лица користат интернет, се вели во извештајот „Одржлив развој, 2011“(.pdf,6MB) на Државниот завод за статистика. Ова е мала бројка на интернет корисници за таканареченото „информатичко општество“.

Сепак во последниве пет години се забележува голем раст во користењето за интернет од луѓето на возраст од 15 до 74 години, пример во 2006-та само 25.2 жители на таа возраст користеле интернет, додека во 2010-та 51.9 од сто лица користеле интернет.

Интересна статистика е дека се подобрува нивото на индивидуален напредок во компјутерските вештини, но тој напредок е на средно ниво, додека македонските корисници заостануваат зад европјаните во вештини на високо ниво. Подобрување има и во нивото на интернет вештини, каде македонските корисници се со подобро знаење и поблиску до нивото на вештини кои ги имаат европјаните за интернет.

Гледајќи ги статистиките околу интернет, се забележува стагнација во користењето на сервисите на е-Владa, односно 12 отсто од корисниците користат е-владини сервиси. За жал ова е далеку зад Европа, каде над 30 отсто од корисниците користат е-сервиси.

Телефонија

Фиксната телефонија забележува пад, односно во 2010-та година само 20 од 100 граѓани имаат фиксна линија, пад од врвот во 2002-ра година кога 28 од 100 имале линија.

За разлика од фиксната телефонија, мобилната расте. Во само 5.8 лица на 100 кои имале мобилен во 2000-година, во 2010-та околу 105 на 100 жители имаат мобилни уреди.

Подолу може да го видите целото истражување:

Odrzliv_razvoj2011

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Јанко
Јанко
14 years ago

Мислам дека погрешна индикација дава податокот за користење на фиксна телефонија по граѓанин. Иако е точен податокот, секаде се мери користење на фиксната телефонија во однос на вкупен број на домаќинства.

види ги сите огласи на kariera.it.mk