МаркО доби инвестиција од холандскиот RockStart

во ИТ.МК, Мобилни

Македонскиот локациски асистент, МаркО, влезе меѓу десетина финалистите на стартап акселераторот на Rockstart од Амстердам. Со тоа CodeWell, студиото за MаркО, ќе добие инвестиција за да продолжи со развојот на апликацијата која беше стартувана за Android пред шест месеци, има верзија за паметен часовник, и најавена е и iOS верзија. CodeWell не сакаше да открие за колкава инвестиција станува збор бидејќи велат дека не им е дозволено од Rockstart да ја откриваат сумата, но на сајтот на Rockstart стои дека даваат 15.000 евра за осум отсто од компанијата.

МаркО e to-do потсетник кој наместо да го користи времето за да ве потсети на обврските, ја користи локацијата. Пример, ќе ве потсети да купите лекови или млеко ако поминете покрај аптека, односно супермаркет. Апликацијата е дизајнирана така да вие потребно само три кратки чекори да се внесе обврската, која може и да се сподели и со пријателите.

Тимот зад МаркО ќе остане во Амстердам во следните 150 дена за да работи со искусни ментори и претрпиемачи во развивање на стратегијата за стартапот и креирање на валиден бизнис план. CodeWell официјално ќе отвори канцеларии во Холандија, иако Скопје ќе им остане дом. На крај ќе има Demo Day пред најавени 300 инвеститори и директори на компании. Овие 10 финалисти од Холандија, Македонија, Чиле, Русија и Литванија ќе имаат жанса да се приклучат на педесетината стартапи кои се под крилото на Rockstart.

За нас ова представува потребен push (финансиски, менторски и тн) кој ни беше потребен за да се фокусираме на MarkO и да го однесеме на сосема ново ниво“, вели Нино Карас, основачот на CodeWell. „Она што е највозбудливо за нас е можноста да работиме во една интернационална околина, опкружени со најдобрите консултанти и ментори кои ќе помогнат не само во развојот на MarkO, туку и во развојот на нашиот тим”.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk