Xiaomi наскоро најавува отворање на првата официјална продавница во САД. Mi.com би можела да биде достапна веќе во следните неколку, јави Venture Beat, повикувајќи се на изјава од директорот за операции на кинескиот производител, Хуго Бара.
„Планираме отворање на продавница во САД во следните неколку месеци. Продавницата ќе ја отвориме кога ќе бидеме потготвени, но планот е тоа да биде во следните неколку месеци“, вели г. Бара.
Сепак, за почеток компанијата нема да продава телефони во САД, туку во проавницата ќе можат да се купат преносни компјутери, слушалки и слично. Предноста на уредите во однос на конкурентите е што се далеку поевтини од производите кои се продаваат во САД. Токму цената во однос на квалитет го направи Xiaomi да биде трет најголем производител на телефони, иако многу аналитичари се уште ја сметаат компанијата за стартап.
Компанијата досега официјално е достапна во: Кина, Тајван, Хонг Конг, Португалија, Малезија, Филипини, Индија, Индонезија и Бразил. Но, неофицијално соработува со еден куп продавници за да ги продаде своите телефони и во другите земји, како што е примерот со Македонија.