2 коментари 2 мин. читање 27 ноември, 2017

Македонски студенти се пласираа во Топ 100 на глобално ниво и Топ 10 во Европа на IEEEXtreme 11.0

И оваа година по 11ти пат на 14ти октомври се одржа глобалниот 24-часовен (хакатон) натпревар во програмирање IEEEXtreme, со рекорден број на тимови – 3300 тимови. Од Македонија земаа учество 12 студенти, односно 4 тима од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство и се пласираа во Топ100 во светот и Топ10 во Европа.

Тимот „Meme“ составен од Васја Павлов, Давид Симеоновски и Стојан Илиески се пласираа на 30то место на глобално ниво и 8мо место во Европа, тимот „CodeMac“ составен од Божидар Стевановски, Кристијан Постолов и Ѓорѓи Јанчески се пласираа на 92ро место на глобално ниво и 28мо место во Европа, тимот „Kremenadla“ составен од Горјан Поповски, Никола Анастасовски и Марио Величковски се пласираа на 182 место на глобално ниво и 63 место во Европа, и последниот тим „TheCerealKillers“ составен од Иван Неделковски, Александар Стојановиќ и Марија Трајкова се пласираа на 909 место на глобално ниво и 327 место во Европа.

Од вкупно 3300 тимови (2,516 тима кои се пласираа) ова се одлични резултати за Македонија и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство, како и за Македонската IEEE секција.

Натпреварот беше во организација на Компјутерскиот оддел при Македонската секција на IEEE, а поддржан од страна на Netcetera (воедно и домаќин на натпреварот), NI TEKNA, RedBull и Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство.

Погледнете ги официјалните резултати.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top