Започнаа есенските распродажби на игри

Во пресрет на Cyber Monday, повеќето, ако не и сите, продавници на дигитални игри организираат распродажби со длабоки попусти до 95%. Годинава, први ја започнаа распродажбата GamersGate, а веднаш по нив се наметна GOG со нивните DRM-Free игри. Неколку дена подоцна, стапи на сила и распродажбата на GreenManGaming, а потоа и на Origin. Распродажбата зазема полна пареа откако Steam ја започна нивната монументална распродажба и понуди илјадници игри на попуст, како и можност да гласате за одредени игри. До крајот на распродажбата, посетителите на Steam ќе можат да номинираат игри за The Steam Awards и тоа во дванаесет категории. Во зависност од вашите активности поврзани со гласањето ќе можете и да добиете значка за вашиот профил. Победниците ќе бидат прогласени во декември, а, до тогаш, ова се сајтовите кои треба да ги посетите доколку сакате да си купите одлични игри за малку пари.

Steam

GreenManGaming – GMGBLACKFRIDAY е код за дополнителен попуст од 15%, но не функционира со сите игри

GamersGate – Дополнителен попуст од 20% преку Razer ZGold, секоја трансакција дополнително ве надградува со интерната, дигитална валута – BlueCoins

Origin – Дополнителен попуст од 10% доколку сте претплатник на Origin Access програмата

GOG – Потрошите на 15 долари и ја добивате Starcrawlers бесплатно

GamesPlanet

HumbleStore – Дополнителен попуст од 10% доколку сте претплатник на Humble Bundle

WinGameStore

Blizzard

2Game

Пријатен шопинг! :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk