Ако по нешто биде запаметена 2017 година тоа е по бројните криптовалути и нивното неуморно доминирање на пазарот. Со оглед на тоа дека Bitcoin пали и жари на сите фронтови, одредена група корисници (читај: хакери) прават сè што е во нивната моќ за да дојдат до што поголема количина од посакуваното дигитално богатство. Една од поновите, етичко-осиромашени оружја од нивниот арсенал е и користење на компјутерите на посетителите на сајтови за да се копаат криптовалути. За таа цел, хакерите знаат да вметнат код во одредени сајтови и, без да знаете, да ја искористат процесорската моќ на вашиот компјутер секојпат кога ќе ги посетите.
За сајтот за торенти, Pirate Bay, беше откриено дека го прави ова со познатата „рударска“ алатка наречена Coinhive.
Но, PirateBay е само капка во морето.
Стотици вакви сајтови си печалат солидна сума пари на грбот на нивните посетители и доколку не сакате да бидете еден од таквите ви препорачуваме да ја инсталирате екстензијата MinerBlock.
Секој пат кога ќе посетите некој сајт преку прелистувачот Google Chrome, MinerBlock успешно ќе ги блокира сите познати алатки за копање криптовалути. Филтрите на оваа екстензија постојано се надополнуваат со ново-откриени „рудари“. Екстензијата е доволно паметна и да детектира однесувања кои се својствени за копање валути и инстантно да им го секне пристапот до изворот на процесорската моќ.
Во случај да барате малку поразлична алтернатива, насочете го вниманието и кон No Coin. Се работи за алатка чие функционирање е засновано на сличен принцип.
[…] „ad block“ и досега функционираа како заштита. Екстензии како MinerBlocker овозможуваат дополнителна заштита. Токму една од […]