0 коментари 1 мин. читање 30 април, 2013

Mакедонски студенти одат на инжинерски натпревар во Варшава како победници на EBEC Balkan

Деветнаесет годишните студенти на ФИНКИ, Мартин Тимов, Ташо Ќосев, Александар Тасески и Александар Спасески се пласираа во финалето на инжинерските натпревари на BEST во Варшава од прво до девети август, како победници на регионалниот натпревар кој се одржа минатиот викенд. Тимот „Камиказе“ на инжинерскиот натпревар EBEC Balkan во Софија победи во категоријата Case Study во која имаа за задача да изработат концепт за уред за спасување при природни катастрофи.

Тимот на младите програмери е еден од 30-те тимови кои ќе одат во финалето во Полска. Во финалето ќе учествуваат на 100 студенти кои биле најдобри на 18 регионални натпревари ширум светот. Таму тимот „Камикази“ ќе работи на изнаоѓање решенија за проблемите кои ќе ги зададат спонзорите на настанот, организиран од BEST – Борд на европски студенти по технологија.

Дечки, IT.com.mk ви посакува среќа во финалето! :)

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top