14 коментари 2 мин. читање

Македонски пошти во пламен! Првите фотографии доаѓаат од Twitter

Од далеку се гледа црн дим, од блиску се гледа огромен пламен од неколку метри кој ја зафати зградата на Македонски пошта на плоштадот Македонија во Скопје. Првите слики беа споделени од Никола Спасов на Twitter. Се уште немаме информации за што станува збор, ниту дали има повредени, но има пожарникари на локацијата. Подолу сè уште фотографии oд @stamatovski, @Gorjangr, @_teddy и други твитерџии.

Се чини дека пожарот избувнал некаде околу 16:30 часот. Кога ние проверивме, околу 17 часот, се уште се гледаше пламен. Првично нема повредени, има две личности пренесени во болница поради вдишување на чадот, вели МВР, а вработените се евакуирани од зградата откако бил забележан пожарот. Собраќајот околу зградата е блокиран додека не се изгасат пламените.

<Надополнето 20:30>По еден час десетината пожарникарски возила конечно успеаја да го изгасат пожарот, според првичните информации кои ги јавуваат неколку македонски портали пожарот настанал од собата каде што биле поставени серверите. Пајак службата ги отстранила сите возила, а струјата од околните згради е исклучена. Имало и амбулантни коли, но според првичните информации нема повредени. Вработените навремено избегале од огнената стихија, благодарение на алармот и првите експлозии предизвикани од пожарот. Моментално сите подружници на Македонски пошти се соочуваат со пад на конекциите на компјутерските системи заради недостапноста на главните сервери.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

14 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top