Вчера го најавивме, а денес Facebook ни претстави што граделе. На денешниот настан во Менло Парк, Facebook го претстави новиот метод за сортирање и конзумирање на информации. Новиот сервис е наречен „Graph Search“ и им овозможува на корисниците да добијат одговор за сè што постои на нивната мрежа.
Facebook ја замени горната лента и сега го содржи само логото на компанијата, и нуди ново и детално пребарување. Како што претпоставивме во најавниот напис, Facebook сака да го подобри пребарувањето, а во демонстрацијата беше претставено и како ќе работи според клучни зборови.
[youtube]SD951tHz38g[/youtube]
[youtube]9KpYENoi06M[/youtube]