0 коментари 2 мин. читање 29 април, 2014

Автономното возило на Google научи како да вози и низ градските улици

По 1.120.000 извозени километри автономните возила на Googlе се се подобри. Компанијата на својот блог објави дека успеале да изнајдан решенија за илјадници ситуации кои пред две години ги оставаа збунети. Во последните две години тимот кој работи на автономното возило ги решава проблемите кои се јавуваат во улиците во памалите градови за кои решенијата се далеку поразлични од возењето на автопат. Возењето по улиците на планинскиот град Маунтин Вју во Калифорнија нуди предизвици како возила подзастанати на тротоарите, пешаци, велосипеди, железничка пруга и опасности кои постојано мора да бидат мониторирани од софтверот.

„Го надградивме софтверот па сега може да следи стотици објекит истовремено – пешаци, автобуси, сообраќајни знаци кои ги држи човек на раскрсница, па дури и велосипедист кој со раката означува дека сака да заврти. Автономното возило ги следи сите овие детали на начин на кој луѓето не можат – и никогаш не е заморено или деконцентрирано“, вели Google.

Интересно е што тестовите покажуваат дека хаосот и случајностите на улиците кои луѓето тешко ги детектираат, се едноставни за предвидување за компјутерот. Софтверските модели се изработени за сите случаи од автомобил кој застанува на црвено светло, па се до возачи кои се одлучуваат да поминат на црвено. Засега Google останува во Калифорнија – Маунтин Вју каде има уште проблеми за рашевање пред промена на локацијата и градот.

[youtube]dk3oc1Hr62g[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top