Првиот телефон на Kodak е едноставен уред за постарите корисници

0 коментари 1 мин. читање

Kodak го презентираше својот прв паметен телефон Kodak IM5, кој доаѓа со Android KitKat 4.4.2 оперативен систем. Тоа што е интересно покрај тоа што е прв телефон од Kodak е дека станува збор за навистина едноставен уред. Станува збор за телефон наменет за сите кои не бараат и очекуваат премногу од својот уред, или со други зборови за постарите корисници кои не се грижат многу за модерните функционалности и сервиси.

Се разбира со оглед на тоа дека станува збор за производител на фотоапарати, главниот акцент и на телефонот е токму тука. IM5 доаѓа со све камери една 13MР задна камера, а другата 5МР е од предната страна на телефонот. Телефонот е изработен од Bullitt и доаѓа со осум јадрен 1.7GHz MediaTek процесор, 5-инчен ISP дисплеј со резолуција 1,280х720, 8GB слободен простор и 1GB RAM. Телефонот е dual-SIM па корисниците ќе можат да користат два оператори, јави CNET. Телефонот најпрво ќе биде достапен во Европа по цена од 230 долари и тоа во првите неколку месеци од 2015 година.

[youtube]7Bwp5GSETAM[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top