Македонската е-спорт репрезентација во CS:GO е европски шампион, по втор пат!

Во романската Oradea Arena, совладувајќи ја репрезентацијата на Украина со резултат од 2:1, нашата е-спорт репрезентација во CS:GO, BLUEJAYS, ја одбрани титулата Европски првак!

Веќе познатиот тим составен од:

  • Дамјан “kyxsan” Стоилковски
  • Јане “aidKiT” Апостолоски
  • Даниел “dan1” Глигоров
  • Александар “CacaNito” Ќулукоски
  • Павле “stYleEeZ” Стојановски

…го совлада тимот на Украина на мапите Mirage и Vertigo, а мал кикс направија на Dust2 која ја одбра репрезентацијата на Украина, губејќи го првиот дуел со резултат од 5 : 16.

Откако на Mirage се реваншираа за првата партија со резултат 16:5, решавачкиот меч го добија со 16:13. Статистика од последната партија:

Со 106 наспроти 94 убиства BLUEJAYS ја доби партијата.

Кумулативно во сите три партии во финалето, нашите момци ги остварија резултативе:

Учесници на турнирот беа екипите на домаќинот Романија, и од Хрватска, Србија, Шведска, Австрија, Шпанија, Чешка, Норвешка, Германија, Израел, Словачка, Луксембург и Германија.

Форматот на турнирот е во групи од 4, првична рунда од најдобар во партија, а двата најдобри тима продолжуваат во плејоф, каде што елиминациските и одлучувачките натпревари се во формат Најдобар во 3 партии. BLUEJAYS покрај титулата и пехарот, освои награда од $10.000 долари на овој турнир, а второпласираната Украина доби $8.000.

Македонската е-спорт репрезентација беше во група со Шведска, Хрватска и Луксембург и се пласираше на прво место во групата:

BLUEJAYS ги совладаа екипите на Луксембург (16:8), Шведска (16:12), Шпанија (2:0 во партии), Србија (2:1 во партии) и на крај го одиграа финалето со тимот на Украина.

Турнирот се одржа во Орадеја, Романија а започна на 6 јули. Организатори се Европската еспорт федерација и Digital Crusade. Нашите тимови се организирани од страна на Македонската е-спорт федерација, која и те како е заслужна за сите овие успеси и се активни борци со години за промовирање на е-спортот.

@BLUEJAYS, ви посакуваме среќа на светското првенство во декември во Бали!

Натпреварот може да го изгледате на Twitch профилот на Македонската е-спорт федерација.

Само како потсетување, е-спортот во Македонија е препознаен од страна на Агенцијата за млади и спорт како официјален спорт од јануари, 2022. Повеќе на таа тема, прочитајте тука.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Kоментари на статија (2)Forum replies (0)

No replies yet

Loading new replies...

Во романската Oradea Arena, совладувајќи ја репрезентацијата на Украина со резултат од 2:1, македонската е-спорт репрезентација во CS:GO, BLUEJAYS, ја одбрани титулата Европски првак!


Веќе познатиот тим составен од:

  • Дамјан “kyxsan” Стоилковски
  • Јане “aidKiT” Апостолоски
  • Даниел “dan1” Глигоров
  • Александар “CacaNito” Ќулукоски
  • Павле “stYleEeZ” Стојановски

…го совлада тимот на Украина совладувајќи го на мапите Mirage и Vertigo, а мал кикс направија на Dust2 која ја одбра репрезентацијата на Украина.

Прочитај повеќе @ Македонската е-спорт репрезентација во CS:GO ПОВТОРНО е европски првак! ⋆ IT.mk

одговори 1 Like

Subscribe
Notify of
guest
2 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments
Кирил
Кирил
2 years ago

Знае некој зошто сите тимови се со име на држава, а само нашиот е “Bluejays”?

Bombo
Bombo
2 years ago
Reply to  Кирил

Pa ne e samo Bluejays ima i iNation polufinale igraja protiv Bluejays, koi se tim od Srbija. Site drugi se mix od igraci so igraat za razlicni ekipi.