Бесплатни апликации за цртање со стајлус

Денеска е одлично време да сте графички дизајнер, првенствено затоа што има изобилство од одлични апликации за преточување на вашите креативни идеи во феноменални дигитални продукти. Претпоставуваме дека доколку поголго време држите стајлус во рака, познати ви се апликациите како CorelDRAW или Adobe Photoshop. Нема апсолутно ништо лошо со овие две алатки. Од една страна, Corel PHOTO-PAINT нуди навидум непресушен арсенал од стотици алатки, четки, вектори и филтри за уредување фотографии и е дестинација број еден и за професионалци и за почетници. Од друга страна, пак, со Photoshop можете да создавaте, уредувате и лесно да ги споделувате вашите ремек дела кои се продукт од паметни филтри, корекции на боја и додатни прилагодувања. Иако нема никакво сомневање во нивната корисност, и двете алатки ем знаат да чинат многу, ем да бараат значително многу време за да ги фатите сите конци во рака и правилно да ги користите.

Токму поради тоа, сакавме да изделиме неколку алатки кои или се бесплатни или нема да ве чинат рака-и-нога за да ги користите, а се подеднакво интересни (во некои ситуации и подобри) од горе-споменатите гиганти.

Blender

Првенствено, Blender е софтвер за 3D анимација и креирање 3D модели и анимации. Но, Blender се одликува и со таканаречен grease pencil mode со кој можете да создавате уметнички дела од едноставни линии. Доколку сакате да ги проширите видиците и да пробате да направите какво било вектор засновано дело, дигитални скулптури, стрипови, или анимации, ова е модот која навистина треба да го проверите. На располагање имате и бројни урнеци кои се направени и споделени од заедницата, така да не морате да почнете сè од почеток. Доколку ви треба нешто за некој проект, можете едноставно да го „позајмите“ од заедницата.

Krita

Се работи за уште едно open-source софтверско решение кое е особено корисно за сите стрип ентузијасти, но и оние кои сакаат да направат интересни анимации, па дури и да вметнат аудио ефекти. Најдоброто од сè е тоа што, слично како кај Blender, имате претходно направени урнеци кои можете да ги искористите за реализирање на вашата идеја. Krita е бесплатна, но има и платежни верзии кои се одликуваат со истите опции како бесплатната верзија, но имаат автоматски надополнувања и поддршка.

FireAlpaca

Од сите апликации, FireAlpaca ни делува најинтересна, првенствено поради фактот што е целосно бесплатна и има лесен за користење интерфејс. Згора на тоа, ќе наидете на сите алатки како и кај комерцијалните браќа, почнувајќи со флексибилни можности за цртање со молив, пенкало, а завршувајќи со ред други четки, сè со цел да се даде правилна форма на вашата креативна замисла. FireAlpaca поддржува дваесетина јазици, исклучително е лесен и супер функционира и на исклучително послаби компјутери.

Autodesk Sketchbook

Првпат фаќате стајлус во рака и сè што сакате е само да цртате? Autodesk Sketchbook е целосно бесплатна апликација која го заменува фокусот со уредување фотографии со фокусот на обезбедување релаксирачка платформа за цртање, дали на вашиот таблет, или пак преку Mac, односно PC.

Ова е само дел од бројните апликации кои можете да користите за да имате одлични резултати, а да не посегнете по паричникот. Пред да си одите, меѓутоа, би сакале и да ви го скренеме вниманието на уште две апликации.

Како open-source апликација, Inkscape стана популарна и во непрофитни и комерцијални кругови. Се наметнува како исклучително моќна апликација за цртање облици, дизајнирање логоа, создавање clip art, бројни дијаграми, инфографици и ред други работи.

За крај, не би било фер да го заобиколиме Artrage – една од подобрите апликации за создавање реалистични слики. Преку избор на различни техники за „сликање“, како масло, дрвени/ водени боици и слично, можете да дојдете до запрепастувачки резултати, како да работите на вистинско платно. Особено ни се допаѓа што може да се снима целиот процес за да, доколку сакате, покажете чекор-по-чекор како сте дошле до финалниот продукт.

Пријатно цртање! :)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk