Македонската армија доби нови „пиксeлизирани“ униформи

во ИТ.МК

Новите униформи на Армиjата на Република Македонија (АРМ) сега има дигитална, „пиксeлизирана“ шара. Овие нови униформи први ќе ги носат војниците кои во јануари ќе одат во Авганистан. Сите останати војници ќе ја носат новата униформа до крај на наредната година, во која се слави 20-годишнината на АРМ.

Теоријата зад користење на дигитална шара за униформите е што пикселите ги нарушуваа острите линии меѓу боите. Гледани од далечина тие не прикажуваат конретна шара, односно силуета на војникот е потешка за препознавање во прошараните текстури во природата. Заедно со нијанси од светли зелени, сини, кафени (пустински) и сиви бои, униформите се најдобри за камуфлирање во пустински и урбани околини.

Најчесто ваквите дигитални шеми се користат за униформите на американската и канадската војска уште од 2002, односно 1998 година. Познато е дека слични шеми со точки се користеле и од германската војска во Втората светска војна.

Подолу на сликата се новите македонски униформи.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments