Младиот Стив Џобс за како видео игрите можат да помогнат во образованието

Avatar img-thumbnail img-circle

во Свет

Подолу е видео од 1990-та година во кое, тогаш 35 години стариот, Стив Џобс дискутира за концепт како може да се подобри учењето преку симулација и дигитализација на американската Конгресна библиотека.

Г. Џобс го користи феноменот на видео игрите за да ја објасни својата визија за како може да се користат информациите од Конгресната библиотека заедно со интерактивната компјутерска технологија за да се креираат симулации кои учениците ќе можат да ги искористат за знаењето.

Имајте на ум дека се работи за 1990-та година, година дена пред стартување на World Wide Web, кога Стив Џобс е се уште директор на Next, неговата втора компанија која ја основа откако беше избркан во Apple. Tогаш видео игрите беа главно флипери, не супер компјутерски програми со неверојатна графика кои можат да симулираат се и сешто. За жал, видео игрите не се искористени денес за едукација, туку на нив се гледа како на порок.

„Мислам дека тоа што не двои од приматите е тоа што ние сме креатори на алатки. Прочитав студија која ја мери ефикасноста на движењето на различни видови на платетата. Кондоторт троши најмалку енергија за да помине километар. А луѓето се најдоа во не толку сјајна средина, скоро во третиот дел од листата. Не беше толку горда позиција за врвот на креацијата. Така, тоа не изгледаше толку добро. Но, тогаш некој од Scientific American имаше идеја да ја тестира ефикасноста на движењето на човек на велосипед. И, човекот на велосипед, се покажа поуспешен од кондорот, комплетно ги надмаши сите на табелата. Тоа се компјутерите за мене. Тој е најневеројатната алатка која ја имаме смислено, и е еквивалентно на велосипед за нашите умови.“, вели г. Џобс.

[youtube]6kalMB8jDnY[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments