Македонската апликација Brainminder доби ново име и нов дизајн за iOS 7

во ИТ.МК, Мобилни

Иако започна како Brainminder, по завршување на Start програмата на стартап акселераторот SuperFounders Скопје, апликацијата на Maрија Наумовска, која ја претстави како „нешто повеќе од класичен потсетник“, се ребрендира во Theremind. Заедно со новото име, апликацијата на која се прават завршните детали, доби и нови функционалности како испраќање на локација до пријателите за да ги потсетите. Пример, може да им испратите потсетник од каде да ви купат домашни намирници или карти за кино, доколку се наоѓаат во близина на таа локација. Или пак да ги потсетите дека ги чекате во некој ресторан кога ќе го напуштат својот дом.

„Се надевам дека ќе биде нешто интересно и ново и дека добро ќе помине на пазарот“, вели Марија.

Тоа што сепак е најголемата промена на апликацијата е редизајнот за iOS 7. Марија, која студира информатички науки на ФИНКИ, ја изработи апликацијата само кратко време пред да се претстави новиот iOS, па како и сите други мораше да го смени дизајнот комплетно. Но, апликацијата и покрај редизајнот ќе продолжи да ги користи Open Street Maps кои се колаборативни, и кои за Македонија и бројни други земји се далеку подобри од Apple Maps.

Theremind е еден од осумте стартапи кои во октомври беа прифатени од првата рунда на ново-стартуваниот стартап акселератор SuperFounders Skopje, кој им понуди на локалните стартапи менторство и помош да ги претворат идеите во вистински бизнис планови. По првичното усовршување апликациите ќе можат да настапат на регионални стартап натпревари во потрага по инвестиција и понатамошен развој.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Перо Пров
Перо Пров
12 years ago

Ошче немет Андроид верзија?
Дали ги послушаја коментарите од претходниот пост, имаше доста insightfull стварчици http://it.com.mk/brainminder-e-nova-makedonska-ap