Графикот тврди дека на тинејџерите им се здосади од Facebook

Facebook може наскоро да се соочи со поголем проблем oтколку што е успорувањето на растот во бројот на корисници. Тинејџерите во САД се повеќе се изјаснуваат дека друштвената мрежа не е кул како апликациите за комуникација. Уште поважно бројот на тинејџери од 13 до 17 години, само во САД, е паднат 25 отсто во последните три години. За разлика од овој тренд, бројот на лица постари од 55 години е пораснат за над 80 отсто во истиот период, вели анализата на iStrategylabs.

Бројот на тинејџери кои во триве години го напуштиле Facebook е 3 милиони, од 13.114.780 во 2011 година сега има 9.800.000. Oва се бројки за корисниците во САД. За среќа на друштвената мрежа, бројот на корисници над 55 години се зголемил значително од 15.516.780 во сега е околу 28.000.000 или раст од 12,5 милиони. Пад од 7,5 отсто забележува и групата од 18-24 години, а преостанатите групи се во пораст, а 22,6 отсто е зголемен бројот на корисници на Facebook во последните три години.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments