Do it simple е мотото на новата македонска апликација ShortWay за Android, чија цел е да го олесни споделување на контакти. Креирана од Гоце Јованчевски и Мики Димитров, тие велат дека кратенките можат да го олеснат користењето на телефон, но новите кратенки ќе ги додадат во нови апликации бидејќи не сакаат да ја искомплицираат ShortWay.
ShortWay ќе продолжи да се подобрува. По поправените багови забележани од корисниците, сега се работи на нова поголема надоградба со која ShortWay автоматски ќе детектира дали соговорниците се поврзани на интернет за да може да се испрати бројот преку Google Push нотификации. Со ова ќе се избегне праќањето на SMS што претставуваше проблем до сега.
Апликацијата има две верзии, бесплатна и платена која ќе биде наменета за регионот и глобалниот пазар. Причината за оваа поделба е различната маркетинг стратегија, објаснува Гоце.
„Од досегашните планови од маркетинг стратегијата заклучивме дека е потребно да се направат два различни пристапи на пазарите со што пристапот на Македонскиот пазар како и земјите кои одлучивме да можат да ја видат бесплатната верзија и пристапот кон останатиот пазар се различни.На глобалниот пазар ги таргетираме дирекните корисници, додека кај македонскиот пазар ги таргетираме компаниите кои имаат потреба од рекламирање кај нас“.
[youtube]esJqzIXMYlo[/youtube]