Facebook ја најави виртуелната економија

во Веб

{mosimage} Facebook најави дека работи на бета проект да го прошири својот систем за добивање кредити, вирутелни пари, низ повеќе апликации на сајтот.

„Планот на Facebook кредитите е да обезбеди платежно средство за брзо и едноставно купување на виртуелни добра од разните апликации.“ вели Дебора Лиу на Facebook блогот.

Но, не дозволувајте да ве збуни што добрата се „виртуелни“. Кредитите се купуваат со реални пари.
Така доколку на некој ваш пријател му е роденден, Facebook ќе ви предложи да му пратите т.е постирате на ѕидот некој виртуелен подарок, еве пример торта. Тортата ќе ве чини 30 Facebook кредити, односно 5 долари. Трансакцијата може да се изврши со кредитни картички, мобилни наплати, а од неодамна и PayPal отвори соработка со Facebook овозможувајќи трансакција на реални во виртуелни пари.

{mosimage}

„Денес постојат преку 500.000 апликации на Facebook, и виртуелните добра во тие апликации (посебно игрите) стануваат се поважен дел од корисничкото искуство.“ пишува на Facebook блогот.

Со овозможување профитабилни модели на девелоперите на апликации нема да биде чудно бројката од 500.000 апликации да порасне, па и двојно да се зголеми. Добро за девелоперите е што Facebook зема 30% од микро-трансакциите.

Додатна мотивација за овој бизнис модел на Facebook е што корисниците повеќе им веруваат на кредитите.

„Нашето претходно тестирање покажа дека корисниците кои плаќаат со Facebook кредитите почесто комплетираат купување одошто просечниот Facebook корисник.“ пишува г-ѓа. Лиу.

Со кредитите корисникот ги има парите „во џеб“. Наместо при секое купување да ја внесува својата кредитна картичка, корисникот едноставно во 2 клика го купува производот со кредитите.

Најверојатно повеќе детали за Facebook економијата ќе бидат објавени на 21 април кога ќе се одржи конференција за Facebook девелопери во Сан Франциско.



Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments