Македонија повторно светски шампион во CS: GO!

Avatar img-thumbnail img-circle

во гејминг, ИТ.МК

Иако во моментов фокусот на сите фанови на спортот се финалните натпревари на Светското фудбалско првенство во Катар каде што финишот станува се поинтересен, истовремено во Денпасар, Бали, во Индонезија се одржа 14-тото Светско првенство во е-спорт. Додека во Катар немаме репрезентација, во Индонезија имаме претставници, и тоа најдобрите!

Викендов е-спорт тимот BLUEJAYS во состав Јане „aidKiT“ Апостолоски, Александар „CacaNito“ Ќулукоски, Даниел „dan1“ Глигоров, Дамјан „kyxsan“ Стоилковски и Павле „stYleEeZ“ Стојановски втор пат по ред го освои Светското првенство на Меѓународната е-спорт федерација (IESF).

Во финалето BLUEJAYS беа поуспешни од тимот од Монголија со резултат 3:1. Македонските „репрезентативци“ беа поуспешни на мапите „Mirage“ со 16-3, на „Inferno“ со 16-8 и „Dust2“ со 16-7. За МВП на финалето беше прогласен Александар „CacaNito“ Ќулукоски,

До финалето и втората круна BLUEJAYS стигна по потешкиот пат. Иако одлично го започнаа турнирот, по поразот од Русија (на првенството Тим IESF) беа префрлени во „Lower Bracket“.

По овој пораз нашиот тим немаше загубен натпревар. Најпрво ја победија Аргентина со 2:0, по што следеше победа од 2:1 против Германија и одмазда против тимот IESF, победа од 2:0 за влез во Големото финале и одбрана на титулата.

„По тешкиот пораз од тимот IESF се вративме ментално посилни, сега се чувствуваме одлично. Победивме на турнирот без многу проблеми.“, рече Јане „aidKiT“ Апостолоски веднаш по завршувањето на натпреварот.

BLUEJAYS во ноември го освои и Европското првенство, па тимот е и двоен Европски првак.

Дали како нација имаме талент за е-спорт?

Оваа година тимот на Tundra Esport во кој се натпреварува и најдобриот македонски Dota2 играч Мартин „Сакса“ Саздов успеа да го освои The International. Мартин со години е во самиот врв кога Dota2  е во прашање, па неговиот успех не е изненадување.

Македонија е една од ретките држави кај кои успесите во е-спортот во последните години се исклучително позабележливи од традиционалниот спорт. Успесите на параолимпијката Оливера Наковска Бикова која освои златен медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин, или учеството на Европското фудбалско првенство на Македонската фудбалска репрезентација се неспорни. Сепак она што го прават македонските е-спортисти е барем подеднакво импресивно.

Еспорт е актуелен во Македонија повеќе од 10 година, започна со натпреварите во CS:GO и веројатно не може да зборуваме за македонска сцена без да се потсетиме на тимот Entity. Тие беа едни од првите македонски тимови кои освен локално успеваа да се натпреваруваат, па и да победуваат, регионално. Во 2009 година тимот ENTITY на регионалниот турнир во Counter Strike KODE5 во Србија го освои првото место.

Покрај раниот успех, за вистински да се радуваме на победите, требаше да поминат многу години. Веројатно причините за ова се и објективни, пред десетина години ретко кој гледаше на CS:GO како на спорт. Во овој период видеоигрите беа единствено хоби или забава, и тоа не само во Македонија.

Во овој период во Македонија немаше креирана гејминг заедница. Имаше тимови кои се познаваа и игри кои се играа со години, но на ова остануваше сѐ. За креирање на заедница ќе поминат многу години и напор на ентузијасти како GG.MK, Гоблин Гејмс, МАГДА, куп неименувани ентузијасти. За организирањето на официјални турнири во целиот период по основањето е одговорна Македонската еспорт федерација.

Федерацијата од оваа година може да се пофали дека по повеќегодишна работа успеаја да го додадат еспорт на листата спортски дисциплини.

Ќе има ли Македонија слух за еспорт?

Не може да кажеме дека државата прави преголеми или барем некакви видливи напори за да им помогне на овие спортисти. Е-спортот е официјално препознаен како спорт во Македонија нецела година. Агенцијата за млади и спорт на 27 јануари 2022 на официјалната листа на спортови во Македонија го додаде и е-спортот. Засега не е сосем јасно кои се плановите на државата и кои насоки ќе ги преземе со е-спортот.

Дали треба и може државата да помага финансиски еспорт тимови е покомплексно прашање. Сепак можеби може да се пронајде начин да се олесни финансирањето барем кога се во прашање натпреварите на кои тимовите или репрезентациите ја претставуваат Македонија.

За среќа последниве неколку години може да уживаме во успесите на талентирана генерација на еспортисти. Без разлика дали се тоа BLUEJAYS, Сакса или некој дуг.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Subscribe
Notify of
guest
0 Коментари
Newest
Oldest Most Voted
Inline Feedbacks
View all comments